
ТФТ го совлада МЗТ во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски Тафта“
По израмнетиот почеток, ТФТ поведе со 14-8 на три минути пред крајот на првата четвртина, но МЗТ Скопје го возврати ударот и направи пресврт (17-15). Составот од Аеродром продолжи со одличната игра, па набрзо водеше и со 41-34, додека на полувреме замина со девет поени разлика (46-37).
ТФТ влезе во одлична серија на стартот на второто полувреме и намали на само два поени (46-48), но ТФТ набрзо ја презема контролата и стигна до двоцифрена предност (61-48).
Возбудувањата продолжија и во последните 10 минути, каде што ТФТ израмни на 61-61, но МЗТ Скопје повторно поведе со 73-66, по што следеше серија од 8-0 на тимот од Тафталиџе за триумф од 74-73. Стенли Дејвис со 31 поен и осум скокови беше најдобар кај ТФТ, додека Мекејден запиша 16 поени за МЗТ.
Третото место на турнирот го освоија кошаркарите на Кожув кои беа подобри од Тиквеш со 87-86.
Фото: КФМ