Дортмунд го „нокаутира“ Волфсбург и влезе во победнички ритам (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд триумфираа против Волфсбург со 1-0 во четвртото коло од германската Бундеслига, па така стигнаа до третата победа по ред.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 20. минута кога Карим Адејеми ја затресе мрежата на Волфсбург за предност од 1-0 (голот може да се погледне ТУКА).

Волфсбург не успеа да возврати, откако Дортмунд успешно ја задржа контролата врз мечот до последниот судиски свиреж.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Borrusia Dortmund