Арсенал се спаси од пораз: Мартинели го лобува Донарума за реми против Сити (ВИДЕО)

Англиските гиганти Арсенал и Манчестер сити одиграа одлично дерби во петтото коло од Премиер лигата, а на крајот си поделија по еден бод (1-1), иако „граѓаните“ водеа речиси цел натпревар.

„Граѓаните“ ја затресоа мрежата на гигантот од Лондон во деветтата минута, кога Ерлинг Халанд ги претрча сите и го матира Раја за предност од 1-0.

Микел Артета се обиде да ги разбуди своите избраници и успеа во тоа, но обидите за да се стигне до израмнувачки погодок беа неуспешни до самата завршница од дуелот.

„Топчиите“ се спасија од пораз дури во третата минута од судиското надополнување кога Габриел Мартинели го лобува Џанлуиџи Донарума за 1-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Manchester City