
Монако со „петарда“ го разнесе Мец за четврти триумф во Лига 1
Мец прв зададе удар во 13. минута преку Диало и ги налути „кнезовите“ кои набрзо израмнија на 1-1 преку Биерет.
На стартот на вториот дел Фати погоди за целосен пресврт, но Мец не се предаваше, па преку Хеин од пенал стрелаше за 2-2.
Гостите успешно се бранеа на тешкото гостување, но во завршницата Монако се разигра и постигна дури три гола за победа од 5-2.
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/AS MONACO