„Извинете, господине Кејн“

Германски новинар во посебна колумна му се извини на Хари Кајн затоа што пред две години го критикуваше неговото доаѓање во Баерн Минхен во трансферот тежок околу 100 милиони евра.

Новинарот на „Билд“, Алфред Дракслер излезе со текст насловен како „Извинете, господине Кејн“ во кој си ја призна грешката.

Дракслер сметал дека е премногу да се даде толку голема сума за 30-годишен фудбалер кој немал освоено титула, тогаш бил гласен против трансферот, но Англичанецот му покажа дека не е во право.

„Сега знам, Кејн вреди секое евро. Тој е професионалец кој прави разлика и никогаш не е повреден, што зборува за неговата дисциплина и посветеност“, напиша меѓудругото Дракслер во текстот посветен на напѓачот.

Кејн се покажа како фантастично засилување на Баерн Минхен, веќе одигра 103 натпревари на кои даде 98 гола и имаше 29 асистенции.

Оваа сезона во Бундеслигата се одиграа само четири кола, а Кејн има дури осум гола и три асистенции.