Алварез промаши пенал: Атлетико освои бод на гости кај Мајорка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид никако да влезат во ритам во шпанската Ла Лига, откако денеска освоија само бод на гостувањето кај Мајорка (1-1).

Хулијан Алварез имаше голема шанса во првото полувреме, но промаши пенал во 14. минута, а до првиот гол се чекаше самата завршница од мечот.

По црвениот картон на Сорлот, Галагер успеа да го пронајде патот до мрежата на Мајорка во 79. минута, но радоста траеше само шест минути бидејќи Муричи погоди за конечни 1-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/RCD Mallorca