Голот на Хосни кој му обезбеди бод на Пелистер во Автокоманда (ВИДЕО)

Алкалоид не издржа до крајот против Пелистер во дербито и мора да се задоволи со еден бод (33-33), откако Усама Хосни во последните секунди ја затресе мрежата на домашниот тим.

Екипата од Автокоманда имаше водство од еден гол и акција во самата завршница, меѓутоа не успеа да ја заврши успешно, по што битолчани добија седум секунди да се спасат од пораз.

Хосни ја презема одговорноста во финишот и успеа да ја пробие одбраната на Алкалоид за конечни 33-33.