
Момчето што не се шиша поради Јунајтед, нападнато од друг навивач на „ѓаволите“ (ВИДЕО)
„Ѓаволите“ синоќа го победија Челси со 2-1 на домашен терен, а Илет бил цел на фан пред Олд Трафорд. Тој го фати инфлуенсерот за коса и почна да го влече, додека не помогнаа другите присутни на немилиот настан. Додека го влечеше, навивачот викаше дека ќе прави што сака и дека Илет не го сака Јунајтед.
Илет стана познат откако пред безмалку една година вети дека нема да ја шиша косата додека Јунајтед не врзе пет победи во низа. Неговата коса веќе е огромна, но нема абер да ја шиша и тоа ќе потрае најмалку уште пет недели бидејќи за „ѓаволите“ вчерашната победа беше прва, веќе испаднаа од Лига купот, а не играат во натпреварувањата на УЕФА.
Во следните четири кола, Јунајтед игра против Брентфорд, Сандерленд, Ливерпул и Брајтон, но во меѓувреме има и двонеделна пауза поради квалификациите за Светското првенство.