Невреме го одложи големото дерби меѓу Марсеј и ПСЖ!

Поради најави за силно невреме, дерби натпреварот од Лига 1 меѓу Марсеј и ПСЖ нема да се одигра вечерва.

Во регионот Марсеј треба да се случи големо неввреме поради кое нема да има услови да се одигра мечот меѓу Марсеј и ПСЖ.

Мечот официјално е одложен за утре (понеделник) со почеток од 20 часот.