
Меси одново блескаше – даде два гола за победа на Интер Мајами (ВИДЕО)
Натпреварот започна идеално за домаќините кога Аленде го отвори резултатот, но радоста траеше до 53. минута, кога Бентеке ја врати надежта на гостите. Сепак, од тој момент натаму сè беше во знакот на Меси. Аргентинецот со мајсторски погодок во 66. минута ја врати предноста на Мајами, а потоа покажа и големина – пеналот му го препушти на младиот сонародник Силвети. Тинејџерот, сепак, ја погоди пречката и ја пропушти шансата за дебитантски гол.
Меси сам ги реши сите дилеми – во 85. минута со фантастичен удар надвор од шеснаесетникот зголеми на 3-1. Гостите во судиското надополнување намалија на 2-3, но немаа сила за целосен пресврт. Ова беше шести пат сезонава Аргентинецот да постигне два гола, по дуелите против Монтреал, Њу Ингланд, Нешвил, Њујорк Ред Бул и Орландо, а вкупно 173-ти пат во неговата кариера. Најмногу „двојки“ постигнал во дресот на Барселона (137 пати), а потоа следат Интер Мајами (17), Аргентина (14) и ПСЖ (5).
Ветеранот со новите голови стигна до бројката од 882 погодоци во кариерата, а воедно има и 391 асистенција.
ФОТО: EPA PHOTO