
Ван дер Сар за мозочното крварење во 2023 година: Не се плашев да умрам!
Холанѓанецот откри како му се променил животот од тоа лето и дека денес решил да живее помирен живот.
„Дали се плашев да умрам? Искрено, не. Веднаш добив помош, ме пренесоа во болница, каде што за мене се грижеа најдобрите доктори. Кога се вратив дома, семејството и други лекари беа покрај мене. Сега мојот живот е помирен“, кажа Ван Дер Сар.
Ван Дер Сар ја заврши кариерата во 2016 година, откако претходно играше за Манчестер јунајтед, Фулам, Јувентус и Ајакс.