
Легенда на Јунајтед: На Аморим му требаат три години за да го разбуди тимот!
Легендарниот фудбалер на „ѓаволите“, Брајан Робсон, сепак смета дека на Аморим му е потребно повеќе време за да го разбуди гигантот и да го врати на победнички патеки.
„Ова е сè резултат на тоа што се случуваше пред неколку години. За мене потребни се три години за некој да го разбуди тимот. Ако ви дозволи управата да купувате квалитетни фудбалери, тогаш доволни се три години за да го вратите тимот на славните патеки“, кажа Робсон.