
„Ѓоковиќ е полуписмен човек и платеник кој сака да ја руши Србија“
Поранешниот кошаркар Љубодраг Симоновиќ го обвини Ѓоковиќ дека е платеник кој сака да ја урне државата.
„Некои добиваат многу пари и подготвени се да зборуваат сè против Србија. Така е и со Ѓоковиќ, него западот го користи. Го планираат да биде претседател на Србија. Замислете го тој идиотизам. Еден полуписмен човек кој нема завршено ниту основно образование“, кажа Симоновиќ.
Ѓоковиќ неодамна реши да се пресели во Атина, а притоа да ја пресели и организацијата на турнирот кој претходно се играше во Белград.