Роналдо удри по критичарите: Идиоти кои не го разбираат фудбалот!

Кристијано Роналдо застана во одбрана на неговиот сонародник Жоао Феликс поради преселбата во саудиски Ал-Наср, откако критичарите го нападнаа еден од најскапите фудбалери во историјата.

Роналдо смета дека Феликс направи вистински потег со тоа што му се приклучил, а тоа го покажа веднаш на теренот.

„Идиоти кои не го разбираат фудбалот, а даваат свои мислења“, кажа Роналдо за критичарите на Феликс.

Феликс минатото лето го напушти Челси за 30 милиони евра, но сумата со бонуси може да стигне и до 50 милиони.

Фото: Facebook/Al-Nassr