Велковски конечно дебитираше за Зрињски!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски денеска ги одигра првите минути за Зрињски откако влезе во второто полувреме на мечот против Слога Добој.

Зрињски и Слога Добој играа заостанат натпревар од најдобрата лига на Босна и Херцеговина.

Дарко Велковски во игра влезе на стартот од второто полувреме, за него ова беа првите минути откако потпиша за босанскиот тим.

Зрињски го доби мечот со убедливи 3-0. Во моментов се трети на табелата со 13 бодови колку што има и Борац Бања Лука. Пред нив е само Железничар со 15 но сараевскиот тим има и меч повеќе.