Поранешен голман на Динамо Киев и Шахтјор уапсен при обид да избега од Украина - го чека пекол!

Украинските власти го привеле поранешниот голман на Динамо Киев и на Шахтјор, Артур Рудко, при обид да побегне од државата и веднаш го упатиле во центар за обука на вооружените сили.

Искусниот 33-годишен чувар на мрежата моментално ја минува основна воена обука, јавуваат украинските медиуми. Рудко последно настапуваше за Черноморец Одеса, клуб што го напушти на крајот од минатата сезона. Во текот на кариерата бранеше и за Говерла, Металист Харков, полскиот Лех Познањ, како и за Шахтјор Доњецк, пред да се пресели во Черноморец минатата година.

Тој има и повеќе настапи за младинските селекции на Украина.