
Денеска ждрепка за осминафиналето од Купот на Македонија - нема повластени
За разлика од првото коло, сега нема повластени екипи и можно е да се падне секој со секого, па не е исклучена ни реприза на финалето од минатата сезона, кога се сретнаа Вардар и Струга. Двете екипи, како лански финалисти не учествуваа во првото коло и својот пат ќе го почнат во осминафиналето.
Покрај нив, пласман во оваа фаза обезбедија уште: Тиквеш, Шкендија Тетово, Шкупи, Башкими, Новаци, Пелистер, Шкендија Арачиново, Беласица, Детонит, Силекс, Работнички, Македонија ЃП, Охрид и Брегалница.