
Бомба од Португалија: Бенфика остана без тренер, доаѓа - Мурињо!
По 20. минути игра, португалскиот клуб водеше со 2-0, но потоа аутсајдерот од Азербјџан постигна три гола и си замина дома со триумф од 3-2. Веднаш по мечот, претседателот Руи Коста објавии дека Лаге добил отказ што е втор за него од Бенфика во последните пет години.
Сепак, тоа и не е толку спектакуларна вест во однос на тоа кој е планиран за наследник на Лаге. А Бола тврди дека на клупата на Бенфика доаѓа ни помалку, ни повеќе, туку Жозе Мурињо со кого преговорите се веќе почнати и можат да завршат денеска, а тој да ја води екипата в сабота против Авес во домашното првенство.
Ова ќе биде невиден парадокс бидејќи Мурињо минатиот месец доби отказ од Фенербахче токму поради поразот од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите и тоа со Лаге на клупата. Ова би било негово враќање на клупата на клубот од Лисабон по пауза од 25 години бидејќи Бенфика беше првиот тим кој самостојно го водеше во својата тренерска кариера.