
Тудор по лудиот меч против Дортмунд: Не можеме да продолжиме вака!
Ремито од 4-4 доаѓа по победата над Интер од 4-3, на Тудор не му се допаѓа што Јувентус на два меча прими дури седум голови.
„Веќе видов доволно вакви мечеви. Премногу примаме голови, доброто е што и постигнуваме многу, но не можеме да продолжиме вака. Беше премногу тешко во второто полувреме да се одржи енергијата три дена по тежок меч додека Борусија Дортмунд имаше лесен натпревар викендов“, вели Тудор.
„Имавме големо срце, момците кои влегоа од клупата повторно направија разлика, тоа се случува на четири меча по ред. Дортмунд има одлични индивидуалци во секоја линија, ние имаме проблем што го губиме интензитетот, но опасни сме секогаш кога ќе нападнеме“.
„Премногу евтино примаме голови, тоа беа ситуации кои можеа да се избегнат. На крајот индивидуалниот квалитет е решавачки во фудбалот, како голот на Кенан Јилдиз кој дојде од никаде“.
„Мислам дека вечерва не можевме да направиме повеќе и среќен сум со тоа“.