Мбапе: Ги разбирам луѓето кои велат дека не е пенал!

Килијан Мбапе со два гола од пенал му донесе победа на Реал Мадрид од 2-1 над Марсеј, а контроверзна беше одлуката при вториот удар од белата точка.

Фудбалерот на Марсеј играше со рака во пад, топката прво го удри во телото па во раката. Според многумина тоа не беше пенал. А еве што вика Мбапе.

„Играњето со рака беше комплицирано. Понекогаш велат дека сите играња со рака се панали, по некогаш велат дека не се пенали“, вели Мбапе.

„Според мене беше пенал, но ги разбирам луѓето кои велат дека не е пенал. Сите се збунети“.