Две слични ситуации вечерва: Нема пенал за Јувентус, има за Реал! (ВИДЕО)

Вечерва се играа натпревари од првото коло во Лигата на шампионите, а во нив највозбудливо беше во Торино каде што Јувентус избегна пораз против Борусија и одигра 4-4.

Една ситуација од овој натпревар многу брзо започна да се споредува со ситуација од дуелот помеѓу Марсеј и Реал Мадрид во кој „кралевите“ победија со два гола на Мбапе од пенал. 

Во втората ситуација, Реал доби пенал за ненамерна игра со рака на фудбалерот на Марсеј кој беше во пад, за нешто слично во Торино кога при едно нафрлување во шеснасетникот играч на „милионерите“ играше со рака, „старата дама“ не доби најстрога казна.