На Арнолд не му оди во Реал: Вечерва се повреди по три минути игра!

Трент Александар Арнолд како големо засилување пристигна во Реал Мадрид, меѓутоа во првата сезона не му оди.

Вечерва во натпреварот против Марсеј, кој е прв оваа сезона во ЛШ заработи повреда по само три минути на теренот. Чаби Алонсо беше принуден да го замени со Дани Кавахал.

Првичните информации се дека се здобил со повреда на задната ложа, но не е познато колку ќе паузира и тоа треба да се знае по деталните прегледи.

Во Реал Мадрид, Арнолд пристигна откако му истече договорот со англискиот гигант, но не бесплатно, туку за десет милиони евра бидејќи „кралевите“ сакаа да го имаат на Светското клупско првенство.