Бурни пет минути во Мадрид: Веа го шокираше Реал, Мбапе брзо врати - од пенал! (ВИДЕО)

Бурни пет миинути видовме вечерва во Марид на натпреварот помеѓу Марсеј и Реал Мадрид.

Прво дефанзивецот Хујсен направи грешка и ја изгуби топката на својата половина, а тоа знаеше да го искористи поранешниот фудбалер на Јувентус, Тимоти Веа кој стрелаше за 1-0.

Сепак, радоста за францускиот гигант не траеше долго, само пет минути подоцна Мбапе од пенал ги врати работите како на почетокот.