Нов бисер расте во „Ла Масија“: На 27 натпревари постигна 100 гола! (ВИДЕО)

Во Барселона веќе го имаат Ламин Јамал кој иако со само 18 години зад себе има фантастични бројки и доминира на терените, но шпанските медиуми веќе пишуваат за момче кое може да биде негов наследник.

Станува збор за деветгодишниот Дестини Косисо Еџиофор Џон кој е најмладиот од тројцата браќа од Нигерија кои се дел од популарната „Ла Масија“, меѓутоа токму од него најмногу се очекува поради бројките во младинската академија.

Минатата сезона на 27 натпревари постигна дури 100 голови, а откако се приклучи во категоријата до 12 години, запиша 31 гол на 14 средби.

Иако е исклучително ефикасен тој помага и во средниот ред, може да игра на повеќе позиции. Нема дилеми дека Барселона со него може да добие нов голем фудбалер, секако ако продолжи да се развиваа во ваква насока.