Бобан Николов има нов клуб: Среќен сум што се враќам дома!

Бобан Николов откако во текот на летото остана без ангажман по заминувањето од Борац Бања Лука сега се враќа на местото од каде што замина пред 12 години.

Имено, Николов е нов член на екипата на Фарул Констанца, која е наследник на Академијата Хаџи која беше прв клуб надвор од Македонија за Николов.

„Знаеш како велат, нема место како дома, па така многу сум среќен што се враќам по повеќе од десет години. Тука започнав, тука научив да играм фудбал и поради тоа посебно сум среќен што повторно ќе бидам дел од овој клуб. Тука поминав пет години, многу важни за мојата кариера. Играв во Европа подолги гоини и сега се враќам како и поискусен, се надевам ќе помогнам“, изјави Николов.

Николов во кариерата беше дел уште од: Вардар, Виториул, Видеотон, Лече, Шериф Тираспол, Стеауа МОЛ Фехервар и Кишварда.За македонската репрезентација има 49 настапи и четири погодоци, а последниот меч во националниот дрес го одигра во 2022 година против Азербејџан.