Германскиот селектор повторно заврши в болница

Селекторот на Германија, Алекс Мумбру повторно заврши в болница, еден ден откако со својата репрезентација триумфираше на Европското првенство.

Поради здравствените проблеми, тој не замина за Берлин каде Германците ја прославија титулата, туку се упати во Барселона на дополнителни прегледи. Лекарите заклучија дека неговата здравствена состојба е сериозна и го задржаа в болница за да му ја извадат жолчната ќеса.

Хоспитализиран ќе биде најмалку две недели за да се следи процесот на заздравување. Шпанските медиуми тврдат дека докторите биле изненадени од тоа како Мумбру успеал да ги издржи последните денови од турнирот, со оглед на неговата состојба. Непосредно по завршувањето не првенството, тој откри дека за време на шампионатот загубил дури седум килограми.