Белингам се врати на тренинзите на Реал, точно два месеца по операцијата

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ги изненади навивачите на Реал откако вчера се врати на тренинзите на тимот.

Тој доживеа операција на рамото на 16 јули и прогнозите беа дека ќе мора да паузира повеќе од три месеци, а враќањето беше најавено за Ел Класико кое се игра пред крајот на октомври. Сепак, паузата траеше точно два месеца, тој веќе тренира со полн интензитет и се очекува можеби веќе претстојниот викенд да биде во комбинација за настап.

Враќањето на Белингам ќе му отвори на Чаби Алонсо поголем фонд играчи во средниот ред каде Ѓулер одлично се снајде во улога на стартер во почетните четири кола.