
Флик во проблем: Барса без Јамал тргнува во ЛШ
Имено, тренерот Ханси Флик нема да го има на располагање еден од своите најважни фудбалери, Ламин Јамал.
Јамал го пропушти неделниот натпревар против Валенсија, но германскиот стратег веруваше ддека ќе го има на располгање за стартот од новата сезона во најелитното европско натпреварување, сепак, тоа нема да се случи.
‼️❌ LAMINE YAMAL NO SE ENTRENA Y ESTÁ CASI DESCARTADO FRENTE AL NEWCASTLE
— Post United (@postunited) September 16, 2025
🤕 El extremo azulgrana sufre molestias en el pubis pic.twitter.com/5FN8Bed8e2
Рехабилитацијата на младиот фудбалер не одела според очекувањата и шпанскиот репрезентативец и денеска не одработил тренинг заедно со остатокот од тимот, тренирал индивидуално.
Натпреварот против Њукасл, Барселона го игра во терминот од 21:00 часот.
Фото: FC Barcelona/X