Аморим: Јас повеќе страдам од фановите на Манчестер јунајтед!

Статистиката вели дека Манчестер јунајтед е најлошиот тим во Премиер лигата откако Рубен Аморим седна на тренерското столче, на Португалецот не му е лесно, но ниту на навивачите.

Откако седна на кормилото на Јунајтед, Аморим го водеше тимот на 31 натпревар во Премиер лигата и има освоено исто толку бодови, 31. Гол разликата е -13. 

„Мојата порака до фановите, ќе направам се. Секогаш размислувам за тоа што е најдобро за клубот. Додека сум тука, ќе го давам најдоброто од мене. Останатото не е моја одлука. Јас страдам повеќе од фановите“, вели Аморим.

Очигледно најдоброто од Аморим засега не е доволно за добри резултати на Манчестер јунајтед. Се повеќе фанови на клубот бараат тренерска смена. Засега такво нешто не се наговестува, но лошите резултати го зголемуваат притисокот и кон тренерот и кон управата.