
Турците поместија два фудбалски натпревари за да се гледа финалето од Европското првенство
Кошаркарската репрезентација од 20 часот игра во финалето од Европското првенство, против Германија и ќе се бори за својата прва континентална титула во историјата. Од тие причини, Фудбалската федерација на Турција помести два натпревара од домашното првенство со цел кошаркарската репрезентација да ја следат што е можно повеќе навивачи.
Така, натпреварите меѓу Фенербахче и Трабзон, односно Газиантеп - Коџаели ќе почнат во 19 часот по локално време и ќе завршат непосредно пред почетокот на финалето во Рига.
„Ние веруваме дека нашата репрезентација успешно ќе ја претставува земјата во финалето мод Европското првенство. Им благодариме за среќата што ѝ ја донесоа на нацијата“, пишува во соопштението од ТФФ.
Турската кошаркарска репрезентација првпат во историјата е непоразена на Европско првенство и ако така остане вечерва, ќе ја освои континенталната титула.