
Турам ги налути навивачите на Интер, му порачаа да си оди во Торино
Имено, медиумите забележаа еден разговор помеѓу браќата Маркус и Кефрен Турам кои настапуваат на спртивните страни. Моментот кој ги налути навивачите на „нераѕурите“ се случи кога Интер беше пред пораз.
Во тие моменти Маркус по еден разговор со Кефрен во кој не се збележува што разговараат има насмевка на лицето. Поради тоа фановите на тимот од Милано коментираат дека местото по ова му е во Торино.
Оваа ситуација беше тема и на прес-конференцијата по мечот.
„Турам се смеел по голот на Јувентус? Не знам, не видов. Но, престанете со такви работи кои не помагаат на никого. Повеќе сум заинтересиран да размилувам како да спречиме такви голови“, изјави Киву.
Инаку, таткото на двајцата фудбалери, Лилијан Турам важи за легенда на „старата дама“.