Пожарот во Трубарево го пресели Вардар во Охрид!

Eкипата на Вардар поради загедниот возудх во Скопје и пожарот во Трубарево донесе одлука за преселба во Охрид.

Засега не е познато колку денови Вардар ќе биде во Охрид, но е потврдено дека в четврток ќе патува директно за Гостивар каде што ќе го игра натпреваот со Арсими во рамките од 6. коло.

„Поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево, кој се наоѓа на само неколку стотини метри од нашата тренинг база, управата по барање на стручниот штаб ја премести екипата во Охрид. Црвено-црните таму ќе бидат во карантин и ќе одржуваат тренинзи пред следните предизвици во домашниот шампионат. Во четврток, директно од Охрид ќе патуваме на натпреварот во Гостивар, против екипата на Аресими, во рамките на 6-то коло“, соопштија од таборот на црвено-црните.
  

Тој натпревар се игра во терминот од 15:30 часот.