
Бутел загуби во реваншот од Диделанж и испадна од Купот на ЕХФ
Бутел се соочи со голем отпор од тимот од Луксембург, кој го доби првото полувреме со 13-12, по што следеше голема драма во вториот дел.
Диделанж ја искористи кризата кај Бутел за да создаде предност од 18-14, но скопскиот тим се разбуди и набрзо израмни на 20-20, а потоа дури и го презема водството (22-20).
Македонскиот тим повторно се соочи со проблеми во нападот, а тоа знаеше како да го искористи Диделанж кој направи пресврт во завршницата од дуелот, а потоа во последната минута погоди два пати за да го нокаутира Бутел.
Да потсетиме, Бутел славеше во првиот натпревар со 31-27, но со вкупен резултат 55-56 беше елиминиран од натпреварувањето.