
Главоболки и за Флик: Јамал не тренираше, неизвесен е за Валенсија
Репрезентативецот не тренирал утринава поради „физички проблеми“ и не е исклучено да биде надвор од составот за мечот од четвртото коло на Ла Лига кој се игра утре во 21 часот. Ако тој не игра, шанса во стартната постава би можел да добие Рони Бардџи кој неодамна беше регистриран и може да дебитира за првиот тим на Барселона. Јамал се пожали на болки во грбот на квалификацискиот натпревар против Бугарија минатата недела, но потоа играше против Турција и беше еден од најдобрите на теренот.
Ханси Флик за утрешниот натпревар не може да смета ни на Гави, Де Јонг и Балде, но најавено е враќањето на Марк Бернал кој паузираше речиси цела година.