Брера најде тренер за натпреварот со Шкупи

Eкипата на Брера Струмица пред две недели остана без стратегот Панче Стојанов кој поднесе оставка, а според последните информации раководството одлучило барем привремено да го замени со млад тренер.

Имено, нов предводник на струмичкиот состав кој ќе го води тимот веќе во денешниот натпревар со Шкупи (15:30) ќе биде Мартин Алаѓозовски.

Алаѓозовски на клупата доаѓа по работата во младинските категории и сега добива одговорнаа и тешка задача да донесе подобри резултати откако Брера имаше лош почеток на сезоната.

Струмичкиот состав по четири одиграни кола на табелата е без победа со два порази и две нерешени средби.

Зад себе Алаѓозовски има успех и со пионерскиот состав на Брера со кој минатата година стигна до трофејот во првенството и купот, исто така го водеше  и младинскиот тим против Сараево.

Во моментов тој е и дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија до 16 години.