Тензии во Рига: Навивачи на Грција и Турција ќе се степаа по полуфиналето (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Турција вчера ја прегази Грција победувајќи ја со 94-68 со што избраниците на Сергеј Атаман си обезбедија место во финалето каде што ги чека Германија.

Но, вчера по битката за место во финалето имало и инциденти. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како во поголема мешаница две групи се блиску до физичка пресметка.

Инцидентот се случил во простор каде што е дозволен пристап на акредитирани претставници на медиумите, но грчките новинари сепак пишуваат дека станува збор за навивачи.

Финалето на Евробаскетот на програмата е в недела од 16:00 часот.