
Дејан Блажевски му се враќа на фудбалот, пак ќе игра за Турново!
Негов последен клуб беше Вардар во сезоната 2021/22, а оваа натпреварувачка кампања ќе го носи дресот на Турново чиј член беше од 2012 до 2014 година, период во кој се наоѓаше во животна форма и дури запиша четири настапи во националниот тим. Одличните настапи за Турново пред повеќе од една деценија му овозможија трансфер во Азербејџан по што се врати во Македонија, во матичниот Вардар со кого освои три шампионски титули и на 88 натпревари постигна 37 гола.
Освен Вардар и Турново, Блажевски играше и за Пелистер, Астерас, Верија, Пјерикос, Тирана, Работнички и Македонија ЃП. Со своето искуство, популарниот Шиле ќе се обиде да му помогне на некогашниот вицешампион на Македонија, кој сега се натпреварува во Третата лига, да избори пласман во повисок ранг.