
Прва голема несреќа од напорната сезона на Реал: Ридигер три месеци во аут
Германецот денеска нормално го почна тренингот со својот тимм, но подоцна почувствувал болку во ногата и не се најде во составот за утрешниот дуел против Сосиедад. Нешто подоцна Реал објави дека Ридигер има повреда на бутниот мускул поради што ќе мора да паузира околу три месеци и би се вратил кон крајот на годинава.
Тоа е прва голема несреќа во Реал, предизвикана од напорната мината сезона која за мадридскиот клуб траеше 11 месеци бидејќи екипата учествуваше на Светското клупско првенство и стигна до полуфиналето. За Ридигер ова е уште еден голем проблем откако во финалето од Копа дел Реј беше исклучен и доби долга суспензија која му се пренесе и на оваа сезона. Од тие причини не играше во првото коло против Осасуна, потоа помина 90 минути Овиедо, но остана на клупа за мечот со Мајорка.
Покрај него, Чаби Алонсо поради повреди не може да смета ни на Белингам, Камавинга, Ендрик и Менди, но тие би требало да се врати за околу 2-3 недели.