
Турски талент на радарот на Флик, Барселона ќе мора да плати 80 милиони евра
Јилдиз веќе ги освои симпатиите на фановите со неговите квалитети, а многумина сметаат дека е подобар од неговиот сонародник Арда Ѓулер кој игра за Реал Мадрид.
Фудбалерот на Јувентус има само 20 години, а наскоро би можел да се пресели во Каталонија, меѓутоа само ако пристигне понуда од 80 милиони евра.
На „Камп Ноу“ веруваат дека Јилдиз би можел брзо да се прилагоди на новиот систем и да помогне во остварување на амбициите на клубот.