Ѓорческа доминира во Романија - со нов триумф обезбеди полуфинале во Букурешт!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфинале на турнирот во Букурешт, откако славеше со 2-0 во сетови против Лаура Хиетаранта.

Ѓорческа продолжи со извонредната игра на турнирот во Романија, па првиот сет го освои откако направи дури три брејка на противнички сервис (6-3).

Тенисерката од Финска подобро го отвори вториот сет и поведе со 2-0, но набрзо Ѓорческа направи целосен пресврт (3-2), по што продолжи со одличната игра и славеше со 6-3.

Македонката доминира во Романија и има неверојатни резултати, откако минатиот викенд го освои првиот турнир во државата, а сега се доближува кон нова титула, овој пат во Букурешт.