Преодниот рок само што заврши, а Челси си купи нов напаѓач!

Лондонски Челси денеска го потврди трансферот на Емануел Емега од Стразбур, но на „Стенфорд Бриџ“ 22-годишниот клуб ќе пристигне наредното лето.

Стразбур е клуб кој исто така е во сопственост на групацијата предводена од Тод Боели, па така „сините“ лесно го завршија трансферот, иако за Емега постоеше интерес и од други европски клубови.

Во изминатата сезона за Стразбур на 27 настапи постигна 14 гола во Лига 1, а добро започна и во актуелната со три гола на четири натпревари.