
Чеферин пред мечот меѓу Србија и Албанија: Треба да се ослободиме од одредени идиоти!
Србија ќе ја пречека Албанија на 11 октомври од 20.45 часот, а Чеферин испрати порака за мир пред дуелот, со оглед на тоа дека често овие натпревари се злоупотребуваат за да бидат испратени политички пораки.
„Мојата порака, не само за овој меч, туку за сите е дека фудбалот и спортот треба да ги спојат луѓето, а не да ги раздвојат. Треба да се ослободиме од одредени идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни мисли. Тие не го сакаат фудбалот, туку се сакаат само себе“, кажа Чеферин.
Во групата К, Англија е прва со 15 бодови, по што следи Албанија со осум поени и Србија со еден бод помалку. Летонија е четврта со четири поени, додека Андора е на дното без освоен бод.
Фото: UEFA/X