Трабзонспор потврди, Онана е нов голман на турскиот клуб!

Трабзонспор денеска го комплетираше најавениот трансфер на Андре Онана кој доаѓа од Манчестер јунајтед на позајмица.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната без опција за откуп. 

„Со задоволство може да потврдиме дека е постигнат договор со Манчестер јунајтед за привремен трансфер на Андре Онана во нашиот клуб за сезоната 2025-2026“, стои во соопштението на турскиот клуб.