Селекторот на Молдавија поднесе оставка по 11. примени голови од Норвешка

Репрезентацијата на Молдавија остана без селектор откако Сергеј Клешченко поднесе оставка како последица на дебаклот од Норвешка пред два дена.

Молдавија доживеа историски пораз од 1-11, а својот потег, Клешченко го најави уште по завршувањето на натпреварот.

„Ова е голем срам за нас и се е моја вина. Разбирам дека треба да се направат коренити промени“, рече тогаш довчерашниот селектор.

Молдавија го заврши овој меч со еден погодок на своето конто, но немаше ниеден шут во рамките на голот. Единствениот гол на Молдавците, всушност беше автогол.