
Српската репрезентација се сели од Белград поради Вучиќ
Сите селекции кои настапија летово доживеаја дебакл што и не е чудо ако се знае каква е атмосфера во земјата. Последна во низата беше катастрофата на фудбалската репрезентација која загуби од Англија со 0-5 на домашен терен, а за време на мечот, платениците на Александар Вучиќ ги тепаа на трибините оние кои скандираа против претседателот.
Вучиќ воопшто не сакаше овој меч да се игра во Белград токму од овие причини, но беше принуден поради големиот интерес и името на ривалот кој немаше намера да патува до Лесковац или Зајечар. Тоа, сепак, ќе им се случи на албанските репрезентативци бидејќи дуелот меѓу Србија и Албанија најверојатно ќе се игра во Лесковац.
Белград сигурно нема да биде домаќин на тој меч, но се прават последните разговори дали натпреварот да се игра во Лесковац или на некој од другите стадиончиња во внатрешноста за кои беа потрошени милиони евра.