Реал има вербален договор со една ѕвезда, ќе потпишат договор до 2031 година

Поранешниот шпански и европски шампион Реал Мадрид наводно договорил ново засилување за следната сезона, а тоа е францускиот репрезентативец Ибрахима Конате.

Конате постигнал вербален договор со „кралевите“, а потпис на договор ќе стави во јануари следната година, по што бесплатно ќе го напушти Ливерпул наредното лето.

„Планот на Конате е јасен. Подготвен е да го напушти Ливерпул како слободен играч на крајот на сезоната. Веќе одби богата понуда од Саудиска Арабија и се договори со Реал Мадрид. Тие ќе потишат договор до 2031 година“, објави новинарот Николо Шира.