Коментатор го прекрсти капитенот на Пелистер во „Филип Кузмановиќ“ (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер со триумф од 25-23 против Загреб ја почна новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како коментаторот неколку пати го згреши презимето на капитенот на битолчани, Филип Кузмановски.

Коментаторот по грешка неколку пати капитенот на Пелистер го нарече „Кузмановиќ“, но очигледно на полувремето ја забележал неговата грешка, па во вторите 30 минути се корегира.