Роналдо прогласен за најдобар на сите времиња! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо како капитен на Португалија и фудбалер на Ал-Наср освои уште едно признание и прогласен е за најдобар фудбалер на сите времиња во својата земја.

На церемонија која ја организираше Фудбалската лига на Португалија на Роналдо му беше доделено признанието „најдобар на сите времиња“.

Во образложението за наградата стои дека Потугалецот е идол на милиони (можеби и милијарда) луѓе и дека обележил една ера која оставила огромна трага во светскиот фудбал.

Роналдо не приуствуваше на церемонијата, но се обрати со видео порака.

„Благодарен сум на сите соиграчи кои во текот на кариерата ми помогнаа да го освојам овој важен трофеј за мене. Исто така тука се и тренерите кои ми помагаа да станам подобар“, порача Роналдо.

Роналдо е светски рекордер по бројот на настапи и голови за националниот тим, пред два дена против Унгарија го одигра 223 натпревар и го постигна 141 гол за Португалија во победата од 2-3.

Фото: Portugal/X