
Словенците со право критикуваат: Шест од осумте играчи беа во проблеми со фаули
Центарот Ален Омиќ во својата изјава по мечот рече дека е чудно како тоа Германците изведоа дури 37 слободни фрлања, 12 повеќе од неговата селекција што на крајот се покажа клучно за победата. За чудниот критериум на судиите, зборува и еден интересен факт од овој натпревар.
Словенечкиот селектор Александер Секулиќ на овој натпревар се базираше на девет кошаркари, но еден од нив (Леон Стергар) одигра помалку од пет минути и тој користеше за да се одморат главните играчи. Од останатите осум, дури шестмина беа во проблеми со лични грешки.
Алексеј Николиќ и Ален Омиќ мораа да го напуштат теренот поради пет фаули, а по четири имаа Крампељ, Муриќ, Хроват и Дончиќ. Само Препелиќ и Радовиќ останаа надвор од оваа конкуренција. Секако дека никој не е виновен што Секулиќ има релативно мал број играчи во ротацијата, но за чудниот критериум на судиите зборува и бројот на лични грешки на двете репрезентации – Словенија имаше 31, а Германија 24. Најинтересно е тоа што од последните десет фаули на Словенците, ниеден не беше досуден во финишот за да се запре часовникот, туку сите беа во „отворена“ игра.