
Англичаните направија ѕид – 11 месеци не примиле гол
Сепак, она што е за пофалба кај „Гордиот Албион“ е играта во одбрана последната година. Мечот против Србија во Белград беше седми во низа на кој Англичаните не примија ниеден гол. Претходно ги совладаа Албанија со 2-0, Андора со 2-0 и 1-0, Летонија со 3-0, Грција со 3-0 и Ирска со 5-0. Серијата ја почна Ли Карсли, а ја продолжи Томас Тухел, па последниот гол кој го прими Англија датира од 13 октомври 2024 и дуелот со Финска која заврши со триумф од 3-1.
Во овој период Англија има гол разлика 22-0, а мрежата на оваа селекција не се тресела вкупно 633 минути.